Доколку имате стар мобилен телефон, чувајте го, бидејќи се враќаат на „голема врата“, затоа што корисниците очигледно копнеат за едноставна техника.
Побарувачката за стари телефони е толкава, така што некои модели на „Нокиа“, „Ериксон“ и „Моторола“ сега достигнуваат цена и до 1.000 евра за примерок.
Иако им недостасуваат современите предности, овие ретро телефони се едноставни за употреба, имаат батерии кои траат и по цела недела и практично се неуништиви во споредба со „смарт“ конкуренцијата.
– Некои луѓе без размислување одвојуваат и по 1.000 евра за стар модел. Високите цени се последица на тоа што такви модели тешко може да се најдат – вели Џасем Хадад, основачот на интернет страната „vintagemobile.fr“.
На пример, „Нокиа 88000“ моментално се продава по цена од 1.000 евра на неговата интернет страна.
Во текот на последните две-три години неговата компанија продала околу 10.000 телефони, а најмногу на почетокот на 2013-та.
Меѓу најпродаваните модели е „Нокиа 8210“ со мал екран и пластични копчиња кој чини 59,99 евра.
– Постарите луѓе бараат едноставни телефони, додека на другите им е важно да имаат нешто евтино – изјави Хадад.
Иронично, трендот е во пораст токму во време кога индустријата повикува за рециклирање на овие уреди, а смартфоните стануваат се понапредни.
Исто така, еден дел од луѓето се свртуваат кон овие модели, бидејќи тие се преплавени од средствата за комуникации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меј, Меркел, Ердоган и Рама на мобилен телефон го гледаа полуфиналето на СП (видео)
-
Вознемирувачко видео: Лифт и ја откина ногата зошто гледаше во мобилниот телефон
-
Зошто дигиртонот и телефонот имаат различен распоред на броевите?
-
7 тајни опции кои ги има секој телефон, а за кои не знаат 95% од корисниците


