| четврток, 6 декември 2018 |

„Она е од Шутка“ – нов сингл на ДНК

„Она е од Шутка“ е насловот на новата музичка соработка на Р&Б дуото ДНК со еден од тројцата најдобри продуценти во Хрватска – Бејби Дукс (од Болни Браќа), кој соработувал и компонирал за многу балкански и светски музички имиња.

Автори на музиката за песната која за прв пат во Македонија ги соединува хрватскиот хип-хоп со ромскиот мелос и македонскиот Р&Б, се Дукс и Панчо, а специфичниот аранжман го направи Дукс.

– Забавно ми беше компонирањето и продуцирањето на „Она е од Шутка“, со оглед на тоа дека станува збор за песна која спојува различни жанрови музика. Но најинтересен беше моментот кога требаше да запеам на македонски јазик – нешто што за прв пат го направив и излезе одлично. Со задоволство би пеел и на ромски, но најпрво треба да најдам убава учителка по ромски јазик – се шегува Дукс.

panco2

– Во новиот сингл за прв пат експериментираме со балкански мелос и драго ни е што тоа го правиме заедно со еден од пионерите на Хрватскиот хип-хоп кој соработувал со големи музички артисти како што се Едо Маајка, Нина Бадриќ, Северина, Дино Мерлин, Здравко Чолиќ, Фет Џо, Енџи Мартинез, Ерик Сермон, Редман итн – изјавуваат ДНК.

panco3

За „Она е од Шутка“ неодамна беше изработен и видео запис кој што го снимаше Томато Продукција токму во Шутка, во кој заедно со ДНК и Бејби Дукс свири ромската група Фанта. Главна актерка во видеото е Сара Џеладин, двократната победничка на Изборот на Мис на Шутка. Својата официјална промоција видео записот ќе ја доживее на 10-ти Јуни.

panco4

„Она е од Шутка“ е прв сингл на ДНК после издавањето на албумот „Срце“ од минатата година со кој момците ги стартуваат подготовките за нивниот трет носач на звук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top