Минатиот викенд во Бодрум, Турција се одржа интернационалниот изборот за убавина „Мис Аполон 2014“ со учество на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.
Нашата држава ја претставуваше 17-годишната Ана Трајковска од Тетово. Таа направи убав успех со пласманот во топ 5 најубави девојки, а ја освои и титулата „Мис Веноса 2014“, која жири комисијата и ја додели за комплетна личност.
Победничка, „Мис Аполон“ за 2014 е Диана Кубасова од Летонија, титулата Прва придружничка ја освои Екатерина Циганова од Казахстан, а Втора придружничка е Александра Бред од Русија.
Нашата Ана во Турција претстојуваше 10 дена благодарение на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!
-
Мисица брутално ликвидирана на улица (вознемирувачко видео)
-
После 17 години круната се враќа во Индија – Мануши Чилар е Мис на светот 2017
-
Притисокот од болеста бил преголем-мисицата која се бори со ракот проговори за раскинувањето!




