| четврток, 6 декември 2018 |

Оклахома израмни против Сан Антонио

Четвртиот натпревар од финалната серија во западната конференција од НБА плејофот се одигра синоќа во Оклахома, а Тандер со резултат 105-92 го победи Сан Антонио.

Клучната предност кошаркарите на Оклахома ја стекнаа во првите две четвртини, а на полувреме имаа плус 15.

Најзаслужен за победата беше расположениот Расел Вестбрук кој натпреварот го заврши со 40 поени и 10 асистенции, Кевин Дурант уфрли 31, додека Серж Ибака постигна 9 поени.

За Спарс по 14 поени постигнаа Тони Паркер и Борис Дијао, 11 уфрли Кори Џозеф, а 10 Тим Данкан.

Резултатот помеѓу Спарс и Тандер сега е 2-2, а следниот натпревар се игра во Сан Антонио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top