| четврток, 6 декември 2018 |

Се обновува куќата на Андонци во штипско Ново Село

куќата на андоновци

Од минатата недела во штипско Ново Село почна обновата на куќата на Андонци, еден од најпознатите објекти на македонската традиционална архитектура во ова подрачје. По обновата таа треба да биде музеј. Kуќата, која се наоѓа веднаш на локалниот пат, на влезот во Ново Село при доаѓање од Струмица, досега беше целосно руинирана и пред распад.

Претходно, Владата на Република Македонија и Министерството за Kултура ја купија оваа куќа и ~ ја преотстапија на Управата за заштита на споменици од културата со идеја да биде реконструирана и претворена во музеј. За купување на куќата, од буџетот на РМ беа предвидени околу 83.000 евра.

– Ова е дел од поширокиот концепт за уредување на локацијата Јавор, каде што веќе се прави мини-плоштад и каде ќе се гради еднокуполна мала црква. Зад куќата на Андонци се наоѓа куќата на Мијалкови, која веќе е во завршна фаза на реконструкција, согласно стандардите за реставрација на објекти од историско-наследна важност на државата. Ќе се обнови и улицата „Kрсте Мисирков“ преку која двете куќи излегуваат на улицата Димитар Влахов со тоа што асфалтот ќе биде заменет, а таа ќе стане пешачка патека со коцка и природен камен – изјави Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top