| четврток, 6 декември 2018 |

Струшките социјалдемократи ќе го поддржат кандидатот на ВМРО ДПМНЕ

Членовите на СДСМ во Струга на претстојните локални избори ќе го поддржат кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ д-р Владо Кочоски, пишува Утрински весник.

Според извори на весникот, партиската нетрпеливост, барем кај дел од стружани, за кратко ќе биде ставена на страна во надеж дека Македонците ќе го добијат градоначалничкото место.

Пред четири години, албанските партии поделија над 15.000 гласа, слично минаа и фаворитите на двете најголеми македонски партии, но победи Рамис Мерко. СДСМ сега нема свој кандидат, а договор за соработка склучија ДУИ и ПЕИ на Цаноски.

Покрај Струга и Кичево е е една од општините во кои се очекува судир на македонско-албанските блокови.  Таму се пријавени само двајца кандидати за градоначалници: актуелниот Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Дехари од ДУИ, кој има поддршка и од партиите на Тачи и на Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top