Во насока на поддршка на туризмот, особено гранката на вински туризам, но и заради поддршка на македонските компании кои се занимаваат со производство на вино и заради развој на трговијата, Владата на минатата седница ја утврди и усвои програмата и мерките кои значат финансиска поддршка, односно кофинансирање на опремувањето, закупот и вработувањата во специјализираните туристички продавници за вино.
Овие продавници треба да се отворат во текот на годината, со почетокот на сезоната, и во нив ќе се продаваат вина произведени од македонски производители.
Формите на продавници ќе бидат во две категории, првата форма е класични продавници, а втората форма е специјализирани вински штандови. Продавниците ќе бидат сместени во централните градски подрачја и на фреквентните места каде што има циркулација на туристи и потрошувачи, а винските штандови во хотелите, на аеродромите и граничните премини, и заради големиот број на лица кои циркулираат кон овие локации и двете форми обезбедуваат сигурен промет и пласман за субјектите кои ќе се занимаваат со оваа дејност.
Владата ќе даде значителна финансиска поддршка со низа мерки, меѓукои во следното . за опремување на продавницата ќе се кофинансира сума од 50% од направените трошоци за опремување, но не повеќе од 1.000.000 денари по продавница. За вински штанд ќе се кофинансира 100% од трошоците за изработка на винскиот штанд но во износ не повеќе од 600.000 денари по вински штанд.
2. ќе се кофинансира надомест на трошоци за закупнина во висина од 50% од износот на годишната закупнината, но не повеќе од 30.000 денари месечно по продавница или штанд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


