Во Донецк на истокот на Украина било прогласено примирје меѓу припадниците на народната милиција и украинските безбедносни сили, објавил градоначалникот Александар Лукјанченко.
Во меѓувреме, според тврдењата на претставниците на народната самоодбрана на регионот Донбас, украинската војска по судирите на и околу доњецкиот аеродром се прегрупира и се подготвува за чистење на градот, пренесува Итар-тасс.
Нема точни информации за времето и изведувањето на воената операција. Во Донецк вчера се водеа жестоки борби, особено околу меѓународниот аеродром и железничката станица. Припадниците на силите за самоодбрана биле принудени да се повлечат длабоко во градот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



