| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора очекува покана за членство во НАТО на следниот самит

филип

– На следниот Самит на НАТО што ќе се одржи во септември во Велика Британија, Црна Гора очекува покана за членство во Алијансата – изјави денеска црногорскиот претседателот Филип Вујановиќ.
На средба со членовите на Работната група на Советот на ЕУ за проширување, Вујановиќ ја истакна потребата за членство на Црна Гора во НАТО и очекувањето поканата за членството да дојде на следниот Самит на Алијансата во Велика Британија, соошти кабинетот на
Вујановиќ.
Црногорскиот претседател пред гостите ја претставил политичката и економска ситуација во земјата и активностите во процесот на интеграција, детално објаснувајќи ја потребата од добра динамика во европските интеграции и продолжување на актуелната поддршка на
јавноста на овие интегративни процеси.
Претседателот на Црна Гора пред европските дипломати ги наброил значајните инвестиции и проекти што гарантираат подобрување на економскиот амбиент и подобар живот за граѓаните, се истакнува во соопштението од неговиот кабинет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top