
Кабли и градежен шут се причината поради која се поплави Дебар маало. Улицата „Ѓорги Пешков“, каде што неодамна се сечеа дрвја, остана под вода по неделното невреме. Поплавени се дел од куќите. „Комунална хигиена“ деновиве ги чистеа шахтите, од каде што извадија кабли, кои се уште од времето кога градоначалник беше Ристо Пенов. Шутот е постар од десет години.

Жителите од овој дел на градот се жалеа дека водата место во атмосферска канализација завршила во нивните домови. Биле принудени да ги отворат шахтите за водата да се повлече. Велат биле затнати од градежниот шут од градежните активности, како и од купишта телефонски и електрични кабли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


