| четврток, 6 декември 2018 |

Македонки заминале на печалба, a завршиле како бели робје во Холандија

belo-robje500

Шест Македонки од групата од 27 македонски државјанки што биле трудово експлоатирани во Холандија се дел од истрагата против еден Холанѓанец, сопственик на фарма за печурки на која работеле нашинките, а кој е обвинет за трговија со луѓе, пишува „Дневник“.

Девојките во 2012 година на интернет нашле оглас за работа во Холандија, па преку претставничка на фирмата во земјава заминале на печалба.

При контрола на фармата било откриено дека Македонките биле затворани во бараки, пасошите им биле одземени, а не им биле исплаќани плати како што било предвидено со договорот што го потпишале пред да отпатуваат. Македонките што решиле да сведочат против газдата како жртви на трговија со луѓе останале во Холандија згрижени во шелтер-центар, а другите биле вратени во Македонија.

Без пари, малтретирани и понижувани. Ова е судбината на многу македонски државјани што во потрага по работа во странство завршиле како жртви на трговија со луѓе. Стручњаците предупредуваат дека во јавноста треба да се актуализира проблемот на трудова експлоатација за да можат граѓаните да препознаат и да се заштитат од лажните понуди за работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top