До почетокот на Светското првенство останаа уште 15. дена, а какво е расположението во германскиот тим, покажува ова видео кое е направено во тренинг кампот на „панцирите“.
Додека претставници на медиумите земаа изјави од репрезентативците, Лукас Подолски направи шоу за сите, дури и за новинарот кој заврши во базенот.
Фудбалерот на Арсенал го крена во раце новинарот на „Билд“ го однесе до базенот и го пушти во вода.
– Го знам Подолски десет години и не се налутив, иако мобилниот ми е готов – изјави новинарот на „Билд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.