Пештерата во која се верува дека бил роден Исус Христос во Витлеем на Западниот брег, утринава е полесно оштетена во пожар, изјави гувернерот на Витлеем.
Кандилото ја потпалило ткаенината закачена на ѕидот во пештерата, во која, според христијанската традиција, е роден Исус Христос. Инцидентот се случил неколку часа по заминувањето на папата Франциск од Светата земја.
– До несреќата дошло кога паднало кандилото. Огнот се запалил и сам се угаснал – појаснил гувернерот на Витлеем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.