| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Членството во НАТО останува врвен приоритет

dimitriev
Република Македонија по се она што го има направено на патот за полноправно членство во НАТО има легитимно право да очекува покана на секој Самит, но не само на Самит туку поканата може да дојде и од состанок на ниво на амбасадори.
Ова денес го нагласи заменик министерот за одбрана Емил Димитриев по барање на новинарите да ги коментира последните пораки од генералниот секретар на Алијансата Андерс фог Расмусен за време на последната посета на Република Македонија, јави МИА.

– Таа позиција е сосема легитимна и оправдана од наша страна и тоа се нашите очекувања. Што ќе донесе Самитот во Велика Британија ние не можеме однапред да прејудицираме, тоа не зависи од нас. Меѓутоа ние и натаму остануваме цврсто посветени на нашето зачленување во НАТО и по ниеден основ не праќаме сигнали дека овој наш врвен државен приоритет е доведен во знак прашање, изјави Димитриев по отворањето на обуката „Справување со современи безбедносни предизвици преку почитување на Меѓународното хуманитарно право: НАТО операциите предводени да се спротистават на хибридни и сајбер закани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top