| четврток, 6 декември 2018 |

Лоцирани киднапираните девојчиња во Нигерија

Нигериската војска ги лоцираше речиси сите 300 девојчиња што кон средината на април беа киднапирани од исламските екстремисти, но стравува дека со употребата на сила во обид да бидат ослободени би можело до доведе до нивна смрт, изјави денеска началникот на Генералштабот на нигериската војска, Алекс Бадех.

Nigerija

Обраќајќи им се на демонстрантите, кои се собраа во знак на поддршка на војската, која е цел на критиките, тој изјави дека нигериските сили можат да ги спасат девојчињата, но додаде дека со тоа можат и да ги убијат девојчињата во обидот да ги вратат.

Бадех им се обрати на илјадиниците демонстранти што маршираа до седиштето на Министерството за одбрана во Абуџа.

На новинарско прашање каде војската ги пронашла девојчињата, тој не сакаше да даде повеќе детали.

– Сакаме девојчињата да ни се вратат. Можам да ви кажам дека ние може да го направиме тоа. Нашата војска го може тоа. Но можеме ли да примениме сила таму каде што ги држат како заложници – рече тој обраќајки се на најсобраните демонстранти.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана рече дека министерството за сега не може да ги потврди наводите дека нигериските девојчиња се лоцирани.

Претседателот на Нигерија претходно изјави дека воопшто не се разгледува за можноста за размена.

Полицијата соопшти дека 53 девојчиња успеале да побегнат, а 276 и натаму се во заробеништво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top