Истражувачкиот центар на НАСА во Лангли, САД, организираше уметнички натпревар „Иднината е сега“ во кој учестуваа деца.
– Идејата беше младите уметници да ја прикажат технологијата која порано ни се чинеше дека е далеку и како тие ја замислуваат вселената – рече Кристина Рулман, портпаролка во Лангли.
Според нацртаните дела, натпреварувачите иднината ја замислуваат и оптимистички и песимистички.
– Според нивните дела, еден ден ќе ги освоиме ѕвездите на начин на кој не сме ни сонувале. Тука се гледа нивниот оптимизам – изјави Мет Новак.
Песимизмот пак се гледа во тоа што неколку арктички животни се опкружени со мраз кој се топи и со сонце кое заоѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.