| четврток, 6 декември 2018 |

Чудна епидемија во Казахстан, болните спијат по шест дена

Мистериозна епидемија го зафатила градот Красногорск во Казахстан, односно во изминатата година во бранови се појавува епидемија на болест на спиење.

Луѓето што се разболуваат спијат и по шест дена. Никој не знае зошто. Досега се појавија неколку бранови од епидемијата, од кои првиот во март минатата година, а последниот сега, во мај. Со болеста спиење биле заразени околу 60 лица, кои откако ќе се разбудат имале привремено губење на помнењето.

Една од жртвите е и Марија Фелк, од селото Калачи во Красногорск.

– Ги молзев кравите како и секое утро и само заспав. Не се сеќавам на ништо, освен дека се разбудив во болница опкружена со лекари и медицински сестри – рече Фелк.

Досега на подрачјето на Красногорск се направени повеќе од седум илјади тестирања на почвата и на водата за да се пронајде причината на оваа болест, но стручњаците и понатаму не можат да ги најдат причините за оваа болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top