Леброн Џејмс одигра одличен меч во вистински момент, а Мајами хит повторно, третпат во низа ја победи Индијана и води со 3-1 во финалната серија од Источната конференција.
Кралот постигна 32 поени и имаше 10 скока, а Мајами забележа победа од 102-90. Со него расположени беа и останатите двајца кошаркари од Ол-стар триото на Хит, Двејн Вејд и Крис Бош.
Вејд постигна 15 поени, а Бош имаше 10 повеќе. Кај Индијана прв стрелец беше Пол Џорџ со 23 поени, а Дејвид Вест забележа 20 поени и 12 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


