Папата Франциско предупреди дека „нема привилегии“ за бискупите кога е во прашање сексуалното злоупотребување деца и најави дека во почетокот на јуни ќе одржи прв состанок со една група жртви на малтретирање.
Истакнувајќи дека нема да покаже толеранција кон кој било во Католичката црква што ги злоупотребува децата, вклучувајќи ги и бискупите, папата рече дека сексуалното малтретирање деца е ужасно злосторство и го спореди со „сатанска миса“.
Враќајќи се од посета на Блискиот Исток, папата им рече на новинарите дека следната недела во Ватикан со жртвите на злоупотребување ќе одржи специјална миса.
– Тројца бискупи се под истрага. Еден од нив е веќе осуден. Нема привилегии. Свештениците што го прават тоа го издаваат Бога – рече папата.
Ватикан пред три недели првпат објави комплетна статистика за тоа како се казнувани свештениците обвинети за силување и друго сексуално малтретирање деца, наведувајќи дека во последните десет години 848 свештеници се расчинети, а 2.572 добиле помали казни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.