| четврток, 6 декември 2018 |

„Дукат“ го сопре откупот на млеко

dukat rajno mleko„Дукат“ привремено престана со откуп на свежо млеко од 180 фарми, кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин, објавува хрватски „Вечерни лист“. Компанијата се раководела според резултатите од анализата на составот на суровото млеко од независни лабаратории. Од „Дукат“ велат дека откупот ќе продолжи штом фармите ќе можат да испорачуваат здраво млеко. „Тешка е, но мора да го направиме ова поради сигурност на нашите потрошувачи. Свесни сме за можните последици за нашите фармери и за компанијата. Правиме сè што е во наша моќ за да можат фармерите во најкраток рок да почнат да испорачуваат исправно млеко, бидејќи тоа е во наш заеднички интерес“ го пренесува „Вечерњи лист“ Ален Фонтан, генералниот директор на „Дукат“ за Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top