Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, заедно со министерот Миле Јанакиески и надлежните лица од Јавните претпријатија, веднаш по свикувањето на итен состанок со Координативното тело за справување со кризни ситуации излегоа на терен и посетија повеќе критични точки настанати од вчерашното невреме во Скопје.
Најкритично беше кај Стоковната куќа мост, булеварот „Киро Глигоров“, клучката кај хотелот „Континентал“, спроти зградата на Македонска телевизија, подвозникот кон Пржино, како и булеварот „Кочо Рацин“.
Самиот градоначалник лично се вклучи во испумпувањето на водата од најкритичните места и без двоумење влезе во надојдената вода и помогна при испумпување.
Повредени лица нема, причинета е само материјална штета.
Фото: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






