| четврток, 6 декември 2018 |

Итна седница на координативното тело на градоначалници од Скопје

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски за денеска свика итна седница на Координативното тело на градоначалници од Скопје, на која ќе се разговара за санирање на последиците од синоќешното невреме што го зафати Скопје и неговата околина.

Како што соопштија од прес-службата на Град Скопје, на средбата, што ќе се одржи напладне, ќе присуствуваат и директорите на јавните градски претпријатија и претставници од Противпожарната бригада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top