Во последниот број на реномираното списание за литература и уметност „Сончев пат“, што неодамна излезе во Будимпешта, отпечатени се два раскази од Александар Прокопиев, „Аџијата, шустерот и будалата“ и „Змиулче“. Преводот на унгарски е од Анамарија Цинеге-Панзова, која, заедно со сопругот Златко, е голем промотор на современата унгарска литература во Македонија, и обратно, на македонската во Унгарија.
Расказите се преземени од книгата на Прокопиев „Човечулец“ што беше добитник на наградата „Балканика“ за минатата година.
Досега одделни раскази од наградената книга се преведени и објавени на англиски, руски, српски, хрватски, словенечки и на унгарски, а како книга „Човечулец“ се појави на полски јазик кај книгоиздателството „Точка“ и досега доживеа убав прием кај публиката и кај книжевната критика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.