Сончевото време со кое почна утрово, во текот на денот ќе биде заменето со пооблачно небо, дожд, грмотевици и со нестабилност во поголемиот дел од земјата.
Минималната температура во поголем дел од Македонија, како и претходните денови, ќе биде 12 Целзиусови степени.
Максимална температура околу 27 Целзиусови степени се очекува во котлините во западниот регион, и околу 28 Целзиусови степени во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална до 31 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува претежно сончево време претпладне, а попладне ќе има развој на облачност која ќе донесе услови за врнежи, кои повремено и локално ќе бидат поинтензивни. Минималната температура ќе биде 12 Целзиусови степени. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 29 Целзиусови степени.
Повеќе на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.