Гости против домашни, 2-0, во ноќешната програма во НБА лигата. Сан Антонио спарс победи во „Стејплс центар“ против ЛА Клиперс со 116-90, а Мајами ја продолжи низата од 9 успеси, против Чикаго булс, со триумф од 86-67.
Тони Паркер беше незадржлив во Лос Анџелес и со 31 поен и 7 асистенции беше лидер на Сан Антонио во уверливата победа над Клиперси, петта по ред за „мамузите“.
Кај поразениот тим Мет Барнс беше најефикасен со 18 поени.
Мајами го „разби“ Чикаго и запиша деветта победа едноподруго. Леброн Џејмс игра во извонреден ритам, повторно доминираше и натпреварот го заврши со 26 поени, 12 скока и 7 асистенции. Одлично го следеше Двејн Вејд со 17 поени, додека кај Чикаго солидно одигра Нејт Робинсон со 14 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.