| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани пријавуваат поплавени подруми

grad2

По невремето кои му се случи вечерва на Скопје, граѓаните на линијата 195 во страв пријавуваат поплави во своите домови.

Најголем број јавување се за поплавени подруми. Силниот дожд кој вечерва го зафати Скопје го парализираше сообраќајот во центарот на градот. Сите подвозници се полни со вода и воопшто не се проодни, па полицијата мака мачи да го пренасочи сообраќајот по алтернативните сообраќајници.

Се пријавуваат и граѓани кои се зглавени во поплавените улици во своите автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top