| четврток, 6 декември 2018 |

Состанок на Кризен штаб во Скопје

dozd

Со цел навремено дејстување министерот за сообраќај и врски Миле Јанакиески свика итен состанок на кризниот штаб, а повод е вечерашното невреме кое го зафати Скопје и околината.

Состанокот ќе се одржи во просториите на Град Скопје се со цел да се дејстува онаму каде што е птребно и да се избегнат сите несакани последици.

Во меѓувреме, граѓаните пријавуваат дека подрумите им се поплавени, а има и такви кои живеат на највисоките катови во зградите каде што водата почнала да им тече по таваните.

Граѓаните кои имаат штети од невремето може да пријават на бројот 195

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top