| четврток, 6 декември 2018 |

Пет нови дестинации кои вреди да ги посетите

3382743335381ddba501e1114436992_orig

Се повеќе земји во развој ги отворија своите врати на странските туристи, а стабилната полити чка ситуација ги прави идеални за откривање на нови искуства за сите кои сакаат возбудувања. Весникот „Хафингтон пост“ предлага пет нови дестинации кои ќе ви ги прошират видиците.

Етиопија

Оваа географски разновидна земја во последните неколку години е многу популарна дестинација за оние кои сакаат одлично сочувани и древни локации. Ако одите, посетете ги планините Симиен кои се на листата на културното наследство на УНЕСКО, а исто така ако сте веќе таму, мора да ја посетите долината Омо, каде што живеат некои од последните номадски племиња во Африка.

Мјанмар

Ова е исклучително живописна земја која стана многу популарна. Многу е безбедна за сите туристи кои сакаат да научат повеќе за локалната култура. Будизмот преовладува во земјата, а монасите и монахињите во своите одежди со боја на шафран ги збогатуваат глетките по улиците.

Сиера Леоне

Ова е земја со живописни плажи и дождовни шуми преполни со живот. Тука не се пропушта возење на сплав на реката Мао, клановите на брегот на Атланскиот Океан…

Мозамбик

Овој дел на Африка нуди фасцинантна мешавина од португалска, арапска и африканска култура во земја која долго време не ја посетуваат туристи. Но, живите и весели градови се одличене почеток на секоја авантура, а потоа може да се движите кон плажите со бел песок и да ги посетите морските резервати преполни со живот.

Монголија

И додека државата сериозно вложуваше во инфраструктурата на главниот град Улан Батор, во земјата доминира богатата номадска култура, а на располагање ви се сите неистражени пространства. Планински врвови преполани со снег, драматични клисури и будистички храмови се створени за уживање….

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top