
Заштитниот знак на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко беше плетенката во коса. Но, таа реши да не носи повеќе плетенка и со нова фризура да тргне во нови победи. Таа е една од кандидатите на претстојните претседателски избори во Украина.

Украинката, која, освен по својата политичка улога во земјата е позната и по истенчениот вкус за мода, женственост и сила, беше пример за многу жени, а плетенка која таа ја носеше популарно беше наречена „тимошенко“. Плетенката која ја носеше Тимошенко беше дел од украинскиот фолклор и традиција.
Дури и додека беше во затвор, поради обвиненијата за корупција и злоупотреба на положбата, поранешната украинска премиера имаше плетенка.
Сега, откако реши да се кандидира за претседател на Украина, косата ја чешла на страна и ја носи во кок. Својот нов имиџ не го коментира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


