На 28-ми мај среда, во Штип, ќе се одржи голем музички хуманитарен концерт во спортскиот центар “Џексон” каде што ќе настапат познатата балканска група “Амадеус бенд” и македонската музичка легенда Трајче Манев, кој по долги години повторно се појавува на музичката сцена . Воедно, овој настан ќе биде и одлична увертира за она што следи кон почетокот на следниот месец, фестивалот на забавни мелодии “Макфест 2014” кој оваа година се одржува на 5-ти, 6-ти и 7-ми јуни.
Освен веќе најавените музички имиња, на овој голем музички спектакл ќе настапат и речиси сите досегашни победници на овој престижен и надалеку познат фестивал.
Влезниците се веќе пуштени во продажба, а сретствата кои ќе бидат собрани од истите, ќе бидат наменети за настраданите од поплавите во соседна Србија и Босна и Херцеговина.
Извор: Музика24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.