| четврток, 6 декември 2018 |

Украдените ордени на Јованка Броз се „вратиле“ во Куќата на цвеќето

ordeni

Ордените на Јованка Броз, вдовицата на Јосип Броз Тито, кои беа украдени за време на погребот, на 26 октомври минатата година, повторно се наоѓаат во Куќата на цвеќето, пишува српскиот весник „Новости“.
Овие ордени, кои пред 20 дена некој ги вратил на истото место од кое беа украдени, ќе бидат преземени од семејството во понеделник

Петте ордени за храброст и една партизанска споменица беа изложени на плишана перница покрај одарот за време на погребот на Јованка. Кражбата беше забележана три дена подоцна кога членови на семејството отишле да ги земат, но ордените биле одземени од непознато лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top