Во Украина се одржуваат предвремени претседателски избори, кои се сметаат за клучни за нејзината иднина по месеците на потреси кои ја воведоа поранешната советска земја до работ на граѓанска војна. Премиерот на земјата Арсениј Јаценјук упати повик до граѓаните да учествуваат во гласањето, за да ја „заштитат Украина”, која западна во длабока криза, откако уличните протести, поддржани од Кремљ го соборија раководство на земјата во февруари.
Ова ќе биде израз на волјата на Украинците од Западот, Истокот, Северот и Југот”, рече тој.
Сепаратистичките сили сепак предупредија дека ќе го попречат гласањето во нивните упоришта во источните делови до руската граница.
-Ако е потребно, ќе прибегнем до употреба на сила – рече Денис Пушилин, лидер на самопрогласената Доњецка народна република.
Многу луѓе во украинскиот регион Донбас стравуваат за својата безбедност за време на претседателските избори во Украина. Во исто време од Централната изборна комисија признаа дека ќе можат да отворат само две од 12 окружни комисии во провинцијата Луганск. Во Донецката област, пак ќе работат 9 од 22 окружни изборни комисии, но голем дел од вработените окрузи сѐ уште не добиле избирачки ливчиња. Најнапната е состојбата во Горловка, Донецк, Краматорск и Славјанск. Релативно стабилна е ситуацијата во Добропол, Красноармеск, како и во Александровска, Великоновоселски и Доброполскија област. Рускиот претседател Владимир Путин во петокот рече дека ќе ги почитува резултатите од гласањето.
Тензиите во Источна Украина продолжуваат. Двајца членови на украинските сили за безбедност загинаа, а четворица се повредени откако вооружени лица се обиделе да упаднатна пункт во Славјанск, соопштуваат украинските медиуми.
Контролните пунктови на украинската армија во реонот на градот на неколку пати биле напаѓани со автоматско оружје, минофрлачи и гранати. Украинските сили возврзатиле на нападите. Во меѓувреме беше соопштено дека италијански новинар и неговиот преведувач се убиени, а француски репортер е ранет во селото Андреевка.
Според податоците на приврзаниците на федерализацијата, возилото на новинарите е вовлекло под оган. Подоцна се појави информација дека убиениот италијанскиот новинар е Андреа Роке. Тој и преведувачот Андреј Миронов, загинаа ноќеска при напад во селото. Италијанската агенција ANSA, повикувајќи се на информирани извори, потврдија де убиениот Андреа Роке – 30-годишен фоторепортери, работел во зоната на воените дејства. Ова е прв смртен случај на новинар во текот на конфликтот во Југоисточна Украина. Во истиот време стана познато дека двајцата приведени во Украина руски новинари Олег Сидјакин и Марат Саиченко се ослободени, соопшти претседателот на Чеченија, Роман Кадиров.
Политичарот од името на жителите на Чеченија изрази благодарност на рускиот претседател Владимир Путин за спасување на новинарите, но не прецизира во што токму се состоела помошта на рускиот шеф на државата. За потврда на зборовите, Кадиров додаде и видео, на кое се гледа, дека новинарите се наоѓаат во авионот и велат дека ова е најсреќниот ден во нивниот живот. Двајцата беа уапсени во средината на мај од Националната гарда на Украина во регионот на Краматорск, каде се водат борби меѓу украинските војници и вооружени сепаратисти. Претходно претставници на Донецката народна република го киднапирале началникот на окружната изборна комисија во градот Маринка и ги ограбиле просториите на комисијата. Според податоците на очевидци, претставници на ДНР упаднале во зградата на комисијата, ја изнеле целата документација и ја запалиле.
Во Донецката област вооружени лица се обиделе да ја преминат границата кај руската страна. Неразрешеното преминување на границата е резултат од контролите војници од Граничната служба на Украина во регионот на контролен пункт „Дубровка” во Донецката област. Украинските власти изразија сомневање дека руските гранични вработени се придонесуваат за преминувањето на возилата преку границата. Терористи од Донецк народна република ја зазедоа зградата на Централната градска сет служба во источниот украински град Донецк, соопшти извор од силите за безбедност. Синоќа околу 50 вооружени лица, облечени во маскирна облека, опколиле една воена зграда.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина