
Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) избра италијанската компанија „Леитнер” (Leitner AG/Spa) да ја проектира и да ја гради шестоседната жичарница за скијачкиот центар Попова Шапка за 581.002.500 денари или за околу 9,4 милиони евра.
Овој проект би тебало да биде завршен до првото тромесечие во 2015 година. Должината на трасата на идната жичарница ќе биде 1.420 метри, а максималниот капацитет ќе биде 3.200 скијачи за еден час.
ЕЛЕМ, компанијата која стопанисува со скијачкиот центар, планира да изгради и три нови скијачки патеки со должина од 5.000 метри. Целиот проект за модернизација на скијачкиот центар ќе чини 30 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


