| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со семејството го посети Бигорскиот манастир

На Денот на сесловенските просветители – Свети Кирил и Методиј, претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски заедно со своето семејство го посети Бигорскиот манастир. Груевски и неговата сопруга Боркица, со двете ќеркички Анастасија и Софија, вчера беа најтопло и најгостољубиво пречекани од архимандритот Партениј и целото Бигорско братство.
Семејството Груевски во нивната неколкучасовна приватна посета имаа можност да ги посетат двата манастири, добро да се запознаат со напредокот на обновата и доизградбата, како и со дел од монашкото секојдневие.


Фото: bigorski.org.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top