Во второто продолжение од 15 минути откако по регуларниоте 90 минути натпрварот заврши нерешено 1-1, Реал Мадрид постигна уште три гола. Најпрвин 100 милиони вредниот Герет Бејл го доведе својот тим во водство од 2-1 по една индивидуална акција на Анхел ди Мариа од левата страна топката се одби до главата на велшанецот на кого не му беше тешко да ја смести топката во мрежата празната мрежа на Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ тргнаа на се или ништо и се префрлија на половната на Реал оставајќи ја одбраната со само двајца играчи. Тоа го искористи Марсело кој со одмерен удар под телото на Куртоа го погоди голот на Атлетико. Третиот гол беше дело на Кристијано Роналдо од пенал. Тој по еден соло пробив по левата страна во шеснаесетикот беше соборен од задгрб и успешно реализираше од белата точка.
Ова беше рекорден 17 гол за португалецот во Лигата на шампионите.
Првпат во историјата на Лигата на шампионите победникот беше решен во продолженијата. До сега победникот бил решен во 90 минути или по изведувањето на пеналите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




