| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос ги води кралевите во продолженија 1-1 во 93. минута (видео)

Играчот од последната линија на одбраната на Реал Мадрид „златниот“ Серхио Рамос успеа да постигне гол во 93 минута од натпреварот и да го одведе својот тим во породлженија од 2×15 минути. Ударот со глава го смести покрај левиот долен агол од голот на Тибо Куртоа. Сонот за десетата титула во Лигата на шампионите за сите „кралеви“ продолжува. Рамос беше џокерот и во полуфиналето против Баерн Минхен со два постигнати гола на реваншот во Минхен што ги сруши сите надежи на баварците за одбрана на титулата во ова натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top