Напаѓачот на Атлетико Мадрид и најдобриот играч на оваа екипа Диего Кошта кој се жалеше на повреда на бутниот мускул уште пред две недели е заменет во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид уште во деветтата минута. На негово место влезе Адриан. Очигледно терапиите што ги помина фудбалерот во Белград кај познатата лекарка Маријана Ковачевиќ не вродиле со плод за тој да може да го одигра целиот натпревар и да му помогне на својот тим да дојде до првата титула во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


