| четврток, 6 декември 2018 |

КПР со голот на Замора се враќа во Премиер лигата

Тимот на Квинс Парк Ренџерс (КПР) по само една година помината во понизок ранг се враќа во елитата во Англија во финалето на плејофот одигран на Вембли против тимот на Дерби Каунти.
КПР со тренерот Хари Реднап обезбедија победа со единствениот гол постигнат во самиот финиш од натпреварот. Јунак беше Боби Замора кој го постигна победоносниот гол иако неговиот тим играше со играч помалку по исклучувањето на Гери О’Нил во 59 минута поради директен црвен картон.
Враќањето во премиер лигата КПР ќе има и одлична финаниска придобивка. Со пласманот во елитата тимот од Лондон ќе инкасира околу 100 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top