Тренерите на финалистите во Лигата на шампионите Карло Анчелоти и Диего Симеоне ги одредија составите на првите 11 фудбалери со кои ќе го започнат натпреварот во Лисабон.
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе истрчаат на теренот со најјаките состави со кои во моментов може да настапат. Единдвената недоумица кај Анчелоти беше одбранбениот португалец Пепе кој сепак натпреварот ќе го започне од клупата, а на негово место ќе стартува французинот Варан.
Реал го има „убиственото“ трио во нападот Роналдо-Бензема-Бејл, додека Симеоне се одреди за двоецот Кошта-Виља.
Реал ја брка љубилејната 10 титула, додека Атлетико ќе се обиде да ја освои првата во нивната историја.
Состави:
Реал Мадрид: Касилјас, Карвахал, Варан, Рамос, Коентрао, Кедира, Модриќ, Ди Марија, Бејл, Бензема, Роналдо
Атлетико Мадрид: Куртоа, Хуанфран, Миранда, Годин, Фелипе, Габи, Тиаго, Раул Гарсија, Коке, Диего Коста, Давид Вилја
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




