| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Нема да има нова студена војна

putin2

Нема да дојде до нова Студена војна, никој нема интерес од неа, изјави рускиот претседател Владимир Путин во кулоарите на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Пред странските новинари тој истакна дека Русија ги почитува интересите на другите земји и не може да се согласи да не ја третираат како рамноправен партнер.

Путин рече дека Украина нема право да бара намалување на цената на испораките на гас од Русија и истакна дека тој спор треба да се реши по пат на дијалог, а не со ултиматум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top