| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца загинати во пукотници во центарот на Брисел

Три лица загинаа, а еден е тешко повреден по пукотници во центарот на Брисел, јави БТА.

brisel

Засега не се познати причините за инцидентот, но според првичните информации станува збор за пукотници во Европскиот музеј во белгиската престолнина.

Над десет лица добиле лекарска помош, откако станале очевидци на инцидентот биле во шок.

Според други информации, истрелите биле испукани на улицата, на која се наоѓа музејот. Местото на инцидентот е во близина на плоштадот „Саблон“ најпознатиот во Брисел, кој привлекува многу туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top