Општина Битола, почесниот српски конзулат во овој град и граѓански организации денеска на плоштадот „Магнолија“ одржаа голема хуманитарна акција „Битола со срце за Србија, БиХ и Хрватска“ проследена со музички хепенинг посветени на граѓаните од поплавените подрачја во тие држави.
На десеттина отворени штандови се собираа конзервирана храна, вода, облека и финансиски средства кои преку општинскиот Црвен Крст ќе бидат доставени до националните тела што ја координираат помошта до трите балкански држави.
– Хуманитарните акции и помош ја канализиравме и координираме и само на тој начин помошта ќе на вистинското место. Во општинскиот Црвен Крст има и посебна финансиска жиро сметка и сите средства ќе бидат прифатени и употребени како составен дел на оваа голема хуманитарна акција посветена на нашите соседи и наши пријатели. Покажавме дека како град, сите битолчани на највисоко ниво ја покажаа својата солидарност – истакна градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.
Со одлука на Советот на општина Битола, советниците од овој град од локалниот буџет издвоија еден милион денари како прва помош, а со хуманитарни активности ќе се дејствува и во наредниот период, потврдија од општина Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



