Управите на двата најголеми кошаркарски колективи во државата Работнички и МЗТ по денешниот состанок се договорија сите натпревари од финалната серија да се одиграат во СЦ „Борис Трајковски“. Во интерес на големиот број на љубители на кошарката и на навивачите на двата клуба сите натпревари ќе се одиграат во нашата најголема сама во државата.
Во присуство на двајцата градоначалници на општините Аеродром Ивица Коневски и на Центар Андреј Жерновски договорот брзо паднал во интерес на кошарката.
Тоа што не им успеа да ракометните гиганти Вардар и Металург им успеа да кошаркарските. Првиот натпрвар се веќе во вторник додека вториот е закажан во четврток.
Навивачите на двата клуба ќе добијат по 500 карти, додека останатите влезици ќе бидат обоени во клубските бои на Работнички и МЗТ по половина од останатиот дел од капацитетот на салата која брои околу 7000 седишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.