Земјотрес со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала-1998 денеска во 11 часот и 24 минути е почуствуван во југоисточниот дел на Македонија. Во централниот и северниот дел на земјава интензитетот на земјотресот
бил III степени.
Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет од Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа во Грција во Егејското Море, на 400 километри југоисточно од Скопје.
Јачината на земјотресот во епицентарот изнесувала 6,6 степрни степени според Рихтеровата скала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.