| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес од 7,2 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска крајбрежното подрачје на северна Грција, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 77 километри југозападно од градот Александрополис, на брегот на Егејското Море, на 40 километри од границата со Турција, на длабочина од 91 километар.

Засега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top