Вчеравечер околу 21.00 часот во Штип на ул.„Железничка“ во двор од куќа, по претходна вербална расправија, настанала тепачка помеѓу лицата Р.В.(50) и М.В.(55), од една страна и Ј.М.(29) и М.М.(31), при што истите си размениле повеќе удари со тупаници.
Во тепачката М.М. се здобил со тешки телесни повреди додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди.
Лицата се повикани во полициската станица во Штип каде им е извршено алкотестирање, при што кај Р.В. е констатирано 1.08 промили, а кај М.В. 0.21 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


