| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка во затвор затоа што го запалила силувачот на нејзината ќерка

Шпанката Марија дел Кармен Гарсија де Бенехузар уште 2009 е осудена за убиството што се случи 2005 година. Иако беше ослободена од страна на судот, Врховниот суд во Валенсија повторно ја врати помеѓу решетки. Таа го уби Антонио Соријано, кој е 1998 година ја силуваше нејзината ќерка и кој од затвор излезе со условна казна.

Само што излегол на слобода, Соријано ја сретнал Гарсија и со потсмев ја прашал „Како е ќерка ти“.

Истиот ден, Гарсија купила бензин, го нашла Соријано во кафуле, го полила со бензинот и го запалила. Тој починал 11 дена подоцна во болница, како последица од претешките изгореници.

Ќерката на Гарсија била силувана од страна на Соријано кога имала само 13 години.

Судот првично ја осуди мајката на девет и пол години затвор, но судските службеници ја ослободија поради посебни околности како чистото досие и привремено лудило.

Сепак, Врховниот суд во Валенсија пресуди дека Гарсија е виновна и ја врати назад во затвор, но со скратена казна, јавува „Хафингтон пост“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top