Со новата Студена војна меѓу Русија и САД околу иднината на Украина се појавија и дискусиите за природата на некои неонацисти поддржани од страна на САД и од анти-семитската опозиција во поранешната Советска Република.
Досега загубени во дискусијата – која се развива дури и како „медиумска војна“ меѓу двете велесили – која е клучен дел од историјата, придавајќи му значење на актуелниот геополитички шах, кој се врти околу антисемитизмот и првичните неонацисти. Погледнете ги програмите на американските интернационални медиуми „Гласот на Америка“ (ВОА) и на „Радио Слободна Европа/Радио Слобода“ (РСЕ/РС).
Додека „Русија денес“ (подобро познат за многумина како “РТ”) се најде во центарот на огнената стихија на преносот и критичкиот поглед на американските медиуми, ВОА и РСЕ/РС засега успеваат да останат неказнети – иако во 2012 година добиле повеќе од 206 милиони долари од американската влада и 93 милиони долари – пари од американските даночни обврзници.
На пример, на 3 април, претседателот Барак Обама го потпиша предлог-законот за меѓународно известување за Украина и за соседните области од страна на САД, откако беше брзо усвоен со мала дебата во двата дома на Конгресот. Законот дава овластување за финансирање на ВОА и на РСЕ/РС за да известуваат и на татарски, украински и на руски јазик 24/7.
Ниту еден медиум не извести за усвојувањето на тој закон, иако законот е усвоен со цел да парира на доминантната улога на РТ во регионот, што и е наведено во законот.
„Руската влада намерно го блокираше пристапот на украинскиот народ до нецензурирани извори на информации и има обезбедено алтернативни вести и информации што се неточни и подбуцнувачки“, се вели во предлог-законот. „Мислењата и ставовите на украинскиот народ … не се точно застапени во проруските медиуми… меѓународното известување на САД има за цел да се бори против оваа антидемократски пропаганда“.
Фактот дека американските медиуми го премолчија усвојувањето на законот, зборува за тоа дека историјата и агендите на ВОА и на РСЕ/РС не биле под строга истрага како РТ.
Но, како што рече новелистот Алис Хофман: „Откако ќе дознаете некои работи, тие не можат да станат недознаени. Тоа е товар што не може да се фрли“.
Крвав камен: Студена војна, студена вистина
Вистината е едноставна, малку неверојатна – односно, речиси невозможна – за повеќето граѓани на САД да го разберат животот во самопрогласениот „Град на Ридот“. Формирани во текот на Втората светска војна и на почетокот на Студената војна, ВОА и РСЕ/РС имаат историски корени поврзани со нацизмот. Поконкретно, од тогашната операција на Стејт департментот наречена „Крвав камен“, која почнала во 1948 година.
„Крвав камен“ се покажа како отворена врата низ која поминале голем број лидери на нацистички соработници, кои се донесени во САД да работат како разузнавачи и стручњаци за тајни операции“, објаснува Кристофер Симпсон, професор на еден американски универзитет, во својата книга „Повратен удар: првиот целосен профил на американското регрутирање на нацистите и неговиот катастрофален ефект врз Студената војна, нашата внатрешната и надворешната политика“.
Симпсон, исто така, во својата книга објаснува дека Френк Виснер – поранешен шеф на Уредот за стратегиски услуги (кој стана Централната разузнавачка агенција, или ЦИА), и тогашен шеф на Дирекцијата за планови при ЦИА – првично предложил да се донесат 250 нацистички соработници во САД под покровителство на „Крвав камен“. Визијата на Виснер: 100 од соработниците што ги нашол Симпсон со барања преку Законот за слободно информирање, да работат за ВОА.
ЦИА создаде еден посебен пододдел за да го надгледува регрутирањето на екснацистичките соработници наречен Оддел за специјални проекти, кој подоцна стана Оддел за координација на политиката. Законски, Националниот совет за безбедност ја овластил активноста преку директивата НСЦ 10/2, во времето кога тајната програма (сега јавно обелоденета), која била позната само, како што опишува Симпсон, за „една мала група мажи и жени на највисоките позиции“ од кадарот на националната безбедност.
НСЦ 10/2 и „Крвавиот камен“ се, исто така, главно, одговорни за создавањето и за зацврстувањето на тоа што во тоа време биле два посебни и, навидум, независни медиуми: „Радио Слободна Европа“ и „Радио Слобода од болшевизмот“.
„РСЕ/РС почна со работа во 1948 година како корпорација наречена ’Национален комитет за слободна Европа‘, наводно приватна добротворна организација посветена на помагање на прогонетите од окупираната Источна Европа од страна на Советскиот Сојуз“, објаснува Симпсон во својата книга. „[Но] корените на РСЕ/РС, во управна смисла, се истите воено-политички гарнитури што ги создале ’Крвавиот камен‘ и НСЦ 10/2“.
Првичниот одбор на директори на „Националниот комитет за слободна Европа“ бил „Кој е кој“ од американските политички елити, на чело со Хенри Форд Втори, Хенри Џеј Хајнц, Џорџ Си Меги и други влијателни луѓе вклучени во играта.
Симпсон вели дека овој избран одбор на директори… служел како покритие, односно, да се објасни од каде доаѓаат парите. Со други зборови, од ЦИА.
Што е со името?
Сето ова, во одредени случаи беше многу невешто реализирано. Дури до таа мера што, доколку новинарите се помачеа да постават некои подлабоки прашања, ќе наидеа на прилично вознемирувачки одговори. На пример, прастарото прашање: „Што е со името?“ Симпсон откри и го објасни тоа во својата книга.
„Во многубројни случаи регруторите на (РСЕ/РС) не се ни трудеа да ги сменат имињата… на националните комитети што беа во служба на нацистите“, напиша тој. „Во јасен чин на непромисленост, дури и Американскиот комитет за ослободување на руските народи, која служеше како организација за прикривање на операцијата ’Радио Слобода‘, го зеде своето име директно од Комите´т освобожде´ния наро´дов Росси´и на Класов, основана по заедничко покровителство на СС и Странската нациканцеларија во… 1941 година“.
Како и самиот термин „болшевизам“, кој беше користен како пејоратив во нацистичка Германија. Симпсон напиша: „Советската влада не губеше време во нагласување на реторичката сличност меѓу нивните и нацистичките медиумски содржини, како и во фактот дека многубројни соработници на нацистите работеа во станицата… (РСЕ/РС) конечно (беше) присилена да ја забрани употребата на терминот ’болшевизам‘ во (нејзините) емисии поради неговата несомнена поврзаност со нацистичката пропаганда во мислите на европските слушатели“.
„Светски став за војувањето“: Минатото е вовед
Професорот на Харвард, Џозеф Нај (Joseph Nye) ја концептуализира „меката власт“ во својата книга „Чекор до водство: променливата природа на американската власт“ (Bound to Lead: The Changing Nature of American Power). Според Симпсон, РТ, ВОА и РСЕ/РС се дел од таквата матрица.
„Ваквите видови иницијативи се многу проблематични, без оглед дали се работи за Русија, САД, Кина или за која било друга земја бидејќи сите тие трагаат по меѓународна стратегија од поддржувачите во нивните земји. Тоа претставува глобален напор за оформување ставови во целните земји“, рече тој за „Окјупај“ (Occupy.com).
РСЕ/РС и ден денес е првак во употребата на ребрендирана „мека моќ“, сега нарекувајќи ја „паметна моќ“.
Поранешниот заменик на државниот секретар за меѓународни прашања, Сузан Носел (поранешен висок функционер во Амнести интернешенел и на Хјуман рајтс воч (Amnesty International and Human Rights Watch) се заслужни за ова ребрендирање, кое за првпат се појави под тоа име во есеј за надворешната политика од 2004 година.
Германските нацисти ја составија кованицата „Weltanschauung“ – германски за „светски став за војувањето“, а денес попознато како „психолошко војување“ (PSYOPs). Симпсон ова го анализира во друга книга, наречена „Науката на принудување“ (‘Science of Coercion’).
Според тие што го користат терминот „Weltanschauung“ според неговата американска верзија, PSYOPs е „научна примена на пропаганда, терор и државен притисок за идеолошка победа врз непријателот“, објаснува Симпсон во својата книга.
Студентите по историја знаат дека – како што Шекспир кажа еднаш – „Тоа што поминало е вовед“, а „Weltanschauung“ уште еднаш ја сврти својата грозна глава во геополитичката „Голема игра“, која во моментов ја играат САД и Русија во Украина.
Како што Симпсон кажа во едно интервју:
„Во ваквата сегашност, многу очигледни се обидите за пропаганда и за негување посебно гледиште на светот на двете спротивставени страни на ова геополитичко ’мило за драго‘ – а претставува светско гледиште на доминантните светски политички, социолошки и економски заговорници во општеството – кои го користат против своите противници“.
Но, концептот „слобода“ е само шлаг на тортата, на што Симпсон посветува цело поглавје во неговата книга. Тој бележи дека „филозофијата за слобода“ влече корени од „émigré пропагаторите, кои работеа за нацистите на Европскиот фронт за време на Втората светска војна“.
Пример за идеологијата за „слобода“ е документот именуван „Светската дилема и решение: слобода за народите од Советскиот Сојуз“, објавен во 1953 година од американскиот Комитет за ослободување од болшевизмот.
Американската верзија за „слобода“ суштински се разликуваше од нацистичката верзија, бидејќи САД претпочитаа да го шират тоа што социологот од Универзитетот од Калифорнија – Санта Барбара, Вилијам И. Робинсон, го нарекува „демократија со низок интензитет“, за многумина денес позната како „неолиберализам“.
„Ги исфрли расистичките теории и антисемитизмот од поранешната нацистичка пропаганда. Слободата во САД беше сфатена како исполнување на американското револуционерно наследство за отпор против угнетувањето“, објаснува Симпсон.
Поранешните нацисти брзо сфатија дека не се препорачува плукање врз антисемитистите доколку сакаат да заработат корка леб во САД.
„Применуваа демократија само на збор, што беше платформа на поранешните фашисти за промовирање на нивната агенда на милиони Американци, а истовремено им овозможуваше заштита од разоткривање на нивното нацистичко минато“, пишува Симпсон. „На нив повеќе не се гледаше како на предизвикувачи на нацистичкиот геноцид, туку како на жестоки антикомунистички патриоти“.
Во 1952 година „слободата“ стана центар на надворешната политика и на изборните кампањи на Републиканската партија во тој период. Симпсон нагласува дека многумина што во странство ја промовираа оваа агенда, како дел од „Крстоносната војна за слобода“ на РСЕ/РС се враќаат дома и се обидуваат да ја наметнат истата пропаганда врз јавноста во САД за време на изборниот циклус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


