Еден од докторите на Михаил Шумахер, светскиот првак во Формула 1, дојде во Македонија.
Светски познатиот неврохирург Маџид Самии пред македонските лекари ги претстави најновите достигнувања во операциите на главата. Почитувајќи ја приватноста на славните пациенти, не сакаше да зборува за здравствената состојба на повеќекратниот шампион во Формула 1, но потврди дека од него биле барани консултации за третман на Шумахер.
Во неговата богата кариера има оперирано околу 20.000 пациенти, меѓу кои и претседатели на држави, познати актери, музичари, спортисти…
Моментно работи во Клиниката во Хановер. За колегите од Македонија има пофални зборови.
– Знам дека моите колеги што работат овде имаат високи стандарди кога се работи за неврохирургијата. Затоа, како што реков, македонските пациенти се во добри раце – рече проф. д-р Самии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.