| четврток, 6 декември 2018 |

Сценарио „Аболиција 2“ или како Заев го победи папата

Пи­ро­ва­та по­бе­да на За­ев на пар­ти­ски­от кон­грес го за­се­ни ка­та­стро­фал­ни­от по­раз на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри?! Не ќе да е та­ка, но, ве­ро­јат­но, ток­му тоа бе­ше иде­ја­та. Опе­ра­ци­ја­та на­ре­че­на „Або­ли­ци­ја 2“ тре­ба­ше втор­пат, во са­мо шест го­ди­ни, да го спа­си исти­от лик. Ка­ко и при пр­ва­та бож­ја или пап­ска ин­тер­вен­ци­ја со ко­ја но­ви­от ли­дер го из­бег­на нај­ло­шо­то, и се­га спа­си­те­лот бе­ше еден екс­ли­дер, кој е сѐ са­мо не екс... Се­ко­ја чест за Б.Ц., овој­пат се над­ми­на и се­бе­си и хо­ли­вуд­ски­те сце­на­ри­сти, ве­лат по ку­ло­а­ри­те на „Би­ха­ќка“. Не е ре­при­за, но по­втор­но ги спа­си чу­ва­рот на фо­тел­ја­та и сво­ја­та оста­ви­на, а на­ви­дум се жр­тву­ва­ше се­бе­си. Сле­ду­ва и екс­прес­на но­ми­на­ци­ја за „Оскар“...

Зо­ран За­ев го по­бе­ди Бран­ко Цр­вен­ков­ски! Ве­ста одек­на ка­ко бом­ба во уши­те на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, кои во не­де­ла­та оста­наа не­нас­пи­е­ни че­кај­ќи го со не­тр­пе­ние ре­зул­та­тот од гла­са­ње­то до­вер­ба на кон­гре­сот на СДСМ. Искре­но, дел од нив ни на сон не мо­жеа да по­мис­лат де­ка тоа мо­же да се слу­чи. А, ток­му тоа и бе­ше цел­та на игра­та, фан­та­стич­но тем­пи­ра­на и во фор­ма на по­ли­тич­ка бом­ба, што на­вод­ни­от гу­бит­ник ја за­и­гра са­мо че­ти­ри де­на пред кон­гре­сот. Цел­та на сце­на­ри­о­то, кое во по­дру­ми­те на „Би­ха­ќка“ го до­би име­то „Або­ли­ци­ја 2“, бе­ше спас на акту­ел­ни­от ли­дер, кој по по­ра­зот на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри, со кој за­ста­на ра­мо до ра­мо со ре­зул­та­тот од 2008 го­ди­на на не­го­ва­та со­бор­ка Ше­ке­рин­ска, на сво­и­те де­ле­га­ти им по­ну­ди 200.000 при­чи­ни за не­го­ва сме­на или по ре­чи­си 3.000 при­чи­ни на се­кој де­ле­гат од­дел­но. И би спа­сен, са­мо за­тоа што спа­си­те­лот оце­ни де­ка не е ви­стин­ско вре­ме за вра­ќа­ње на пре­сто­лот. Ќе го че­ка ви­стин­ски­от мо­мент или не­ка­ква кри­за, ка­ко и се­ко­гаш…

 

Во име­то на ро­за­та или на ту­па­ни­ца­та

Со­о­че­ни со се­ри­оз­но­ста на над­вис­на­та­та бу­ра во СДСМ, ко­ја ќе зна­че­ше уште еден крај на „от­по­рот“, лу­цид­ни­те сце­на­ри­сти, пред­во­де­ни од глав­ни­от тек­сто­пи­сец во­об­ли­чен во ли­кот кој го но­си име­то на ка­то­лич­ки­от пог­ла­вар, за­и­граа пер­фид­на игра во ко­ја авто­ри­те од „Би­ха­ќка“ се по­ка­жаа ка­ко не­над­мин­ли­ви мај­сто­ри.

Проб­ле­мот бе­ше и оста­на по­го­лем од суд­би­на­та на За­ев и на ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та. Гла­са­ње­то не­до­вер­ба на пар­ти­ска­та вр­ху­шка ќе оз­на­че­ше и кла­си­чен по­раз на нив­на­та од­лу­ка за бој­кот и не­приз­на­ва­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти. А, вра­ќа­ње­то на­зад ќе бе­ше јав­но приз­на­ние на ре­ал­ни­от, ви­сок по­раз. Пос­ле­ди­ци­те од овој че­кор се ло­гич­ни и ве­лат де­ка до­кол­ку по из­бо­ри го сме­ни­те ра­ко­водс­тво­то, нор­мал­но е и од­го­вор­но­ста за ло­ши­те ре­зул­та­ти да ја ло­ци­ра­те кај нив. Со тоа би про­пад­нал фил­мот за бој­ко­тот, ка­ко и си­те не­ар­гу­мен­ти­ра­ни об­ви­ну­ва­ња за не­ле­ги­тим­ни из­бо­ри, си­стем­ски при­ти­со­ци и ка­кви ли не дру­ги и она­ка не­бу­лоз­ни твр­де­ња. Од дру­га стра­на, би из­лег­ле и мно­гу не­се­ри­оз­ни во бој­ко­тот. Од че­ти­ри бој­ко­ти што сте ги пот­тик­на­ле во из­ми­на­та­та го­ди­на, сте пре­ки­не­ле три – пр­ви­от за пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 2013 го­ди­на, вто­ри­от за ло­кал­ни­те из­бо­ри, про­тив кој, освен це­ла­та Ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца и Фи­ле, кој и ги ре­ши два­та, бе­ше и се­гаш­ни­от ли­дер, чо­ве­кот ко­му му го­ре­ше под но­зе и ко­му со не­про­мис­ле­ни­от по­тег на пар­ти­ја­та сѐ по­да­ле­ку му бе­га­ше гра­до­на­чал­нич­ка­та фо­тел­ја и лич­но­ста ко­ја „бун­тов­ни­кот“ Стев­че Ја­ки­мов­ски, кој за­ми­на сам на из­бо­ри, го по­фа­ли за по­те­гот и му на­пи­ша „Се гор­де­ам што имам та­ков дру­гар во пар­ти­ја“. Прет­по­ста­вки­те се де­ка таа по­ра­ка е на­пи­ша­на не­ка­де ме­ѓу оние мно­гу за­мол­ни­ци до Мен­дух Та­чи, но и две­те ја но­сат дру­га­та по­ра­ка за поз­на­та­та не­про­мис­ле­ност на ли­де­рот кој пр­во ста­на ка­ни­бал и ја­де­ше жи­ви лу­ѓе, па вра­бо­ту­ва­ше пар­ти­ски бра­ту­че­ди, па вле­зе во во­ен филм и пу­ка­ше за да не се оди на из­бо­ри, па ги фру­стри­ра­ше ге­не­ти­ча­ри­те со по­ве­ќе чич­ков­ци и та­тков­ци, па бе­ше фри­ги­ден за на­бр­гу да ги фр­ли во очај кни­жев­ни­ци­те и открие но­ви де­ла на Сла­вко Ја­нев­ски, па ги по­ра­зи ет­но­ло­зи­те кре­и­рај­ќи но­ви сте­ре­о­ти­пи за Јуж­на Афри­ка, за пред из­бо­ри да ги до­те­па и еко­но­ми­сти­те пра­веј­ќи ре­во­лу­ци­ја во биз­ни­сот со нов тип ком­па­нии – „офшорт“. Ко­га ќе ја пог­лед­не­ме ре­трос­пе­кти­ва­та на ми­на­ти­от труд на ова по­ле, по­ра­ки­те до Ја­ки­мов­ски и до Та­чи и не се та­ка страш­ни. Се­пак, тоа не се лап­су­си, ту­ку иска­зи со по­и­на­ква, страш­на по­ли­тич­ка те­жи­на во се­бе.

 

„Би­хаќ­ка“ со Б.Ц. во кон­ку­рен­ци­ја за „Оскар“

На „Би­ха­ќка“ одам­на за­бе­ле­жаа де­ка прет­ход­на­та та­кти­ка на ВМРО-ДПМНЕ и по­ли­ти­ка­та на спра­ву­ва­ње со тран­зи­ци­ски­от ли­дер Б.Ц. ѝ до­не­соа до­бри по­е­ни и гла­со­ви. Тоа го за­бе­ле­жи и са­ми­от Б.Ц., па за­тоа, ка­ко и мно­гу­па­ти прет­ход­но во не­до­стиг од идеи, СДСМ ги при­ме­ни и пре­пи­ша ме­то­ди­те на про­тив­нич­ки­от та­бор. На Зо­ран За­ев очај­но му бе­ше по­треб­но ос­ло­бо­ду­ва­ње од гре­во­ви­те и ка­ква и да е по­бе­да за да, ба­рем кај со­пар­тиј­ци­те, се вра­ти на сце­на ка­ко не­ка­ков по­бед­ник. Проб­ле­мот е што овој­пат, нас­пре­ма на­ста­пот на акту­ел­ни­от ли­дер по из­бо­ри­те ко­га го со­оп­шти не­бу­лоз­но­то ре­ше­ние за бој­кот и до­би екс­прес­на но­ми­на­ци­ја за „Злат­на ма­лин­ка“, ста­ри­от волк ја оди­гра уло­га­та за „Оскар“, нај­до­бра­та рол­ја во рам­ки на не­го­во­то по­ли­тич­ко ег­зи­сти­ра­ње. Пот­тик­нат од по­го­ле­ма­та цел – про­дол­жу­ва­ње на уло­га­та на не­при­кос­но­вен ли­дер од сен­ка и че­ка­ње на ви­стин­ски­от мо­мент за бле­ска­во вра­ќа­ње на сце­на­та – во мо­мент на тво­реч­ки не­мир тој го со­ста­ви нај­не­воз­мож­но­то сце­на­рио, во­ед­но пра­веј­ќи го на­ви­дум нај­доб­лес­ни­от по­тег во сво­ја­та по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра.

На не­ве­ру­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та јав­ност, ко­ја ни­ко­гаш и не би по­мис­ли­ла та­кво не­што за не­го, екс­ли­де­рот, ба­рем бо­жем­но, се жр­тву­ва­ше се­бе­си и сопс­тве­но­то ре­но­ме кај со­пар­тиј­ци­те, из­ле­зе од сен­ка­та и рас­пу­ка по сопс­тве­но­то про­те­же, во исти­от миг соз­да­вај­ќи од не­го ин­стант-ма­че­ник, лик што за­ста­нал про­тив екс­цен­трич­ни­от, са­мо­бен­ди­сан па­па, поз­нат по сво­и­те зло­де­ла од тран­зи­ци­ја­та. Исти­от ден ма­че­ни­кот из­ле­зе и ка­ко слу­ча­ен од­го­вор да­де че­ти­ри ин­терв­јуа за „не­за­вис­ни­те“ ме­ди­у­ми за да на си­те им ја ка­жа таж­на­та ви­сти­на – ка­ко тој бил на­па­тен од сво­и­те со­пар­тиј­ци, под­др­жу­ва­чи на екс­ли­де­рот Б.Ц., кои по­сто­ја­но, ни по­мал­ку ни по­ве­ќе, це­ла го­ди­на му за­би­ва­ле нож во дес­но­то ра­мо. Оста­ну­ва на фо­рен­зи­ча­ри­те од „Би­ха­ќка“ да ѝ откри­јат на јав­но­ста да­ли Б.Ц. е ле­во­рак или, се­пак, дес­но­рак за да се открие сто­ри­те­лот на не­де­ло­то врз ли­де­ро­во­то ра­мо. И та­ка, че­ти­ри де­на пред кон­гре­сот или во крај­ни­от мо­жен и до­бро прес­ме­тан рок, екс­ли­де­рот по­мог­на во сопс­тве­ни­от по­раз и во соз­да­ва­ње­то лик на ре­во­лу­ци­о­нер, стру­мич­ки­от на­па­тен без­ус­ло­вен бо­рец со ре­жи­мот и со ди­кта­ту­ра­та во др­жа­ва­та. Да пу­ште­ше бра­да, мо­же­би ќе за­ли­че­ше на Че Ге­ва­ра или, се­пак, ќе за­ми­не­ше на „Евро­ви­зи­ја“?!

 

Единс­тво, па не­е­динс­тво или греш­ка во сце­на­ри­о­то

Кон­гре­сот дој­де и по­ми­на, но еден по­да­ток оста­на да леб­ди во воз­ду­хот. Не­ло­гич­но­ста ко­ја ги по­бу­ди сом­не­жи­те и ги воз­не­ми­ри ду­хо­ви­те, ду­ри и на „Би­ха­ќка“, бе­ше не­бу­лоз­на­та ин­фор­ма­ци­ја, со­др­жа­на во две гла­са­ња чии ре­зул­та­ти беа кон­тра­ди­ктор­ни. Од ед­на стра­на, си­те 593 де­ле­га­ти ед­ног­лас­но и бес­по­го­вор­но ја под­др­жаа пр­ва­та точ­ка, а по­тоа ре­чи­си 30 про­цен­ти гла­саа про­тив вто­ра­та, ко­ја бе­ше есен­ци­јал­но по­вр­за­на со пр­ва­та?! Скеп­ти­ци­те ќе ре­чат – единс­тво­то и не е баш та­ка единс­тве­но…

Пр­ва­та точ­ка бе­ше од­лу­ка­та на пар­ти­ја­та за бој­кот на ре­зул­та­ти­те и не­приз­на­ва­ње на из­бо­ри­те, и пре­тсе­да­тел­ски и пар­ла­мен­тар­ни, ко­ја по че­сти­тки­те од Бри­сел, Бер­лин, Мос­ква и од ка­де уште не, пад­на во во­да и се уда­ви во сопс­тве­на­та не­ло­гич­ност и не­ар­гу­мен­ти­ра­ност. Таа точ­ка, на­вод­но, ми­на­ла со ед­ног­лас­но одо­бру­ва­ње. След­на­та бе­ше до­вер­ба­та на За­ев и на ра­ко­водс­тво­то, а та­му ре­зул­та­тот бе­ше 413 нас­пре­ма 176 и ако ги до­да­де­те 114 де­ле­га­ти што, очиг­лед­но, нес­лу­чај­но не дој­доа, ре­зул­та­тот ста­ну­ва 413 нас­пре­ма 290 де­ле­га­ти или ве­ро­јат­ни 40 про­цен­ти про­тив. Не­бу­ло­за­та е што, од ед­на стра­на, си­те „ед­ног­лас­но“ ги при­фа­ти­ле по­греш­ни­те че­ко­ри и по­те­зи на ра­ко­водс­тво­то за по­тоа 30 про­цен­ти јав­но да изг­ла­са­ат не­до­вер­ба на ли­де­рот зас­но­ва­на на исти­те че­ко­ри кои ја ур­ни­саа пар­ти­ја­та?! Ве­се­ла ма­те­ма­ти­ка или, по­ве­ро­јат­но, тие са­мо глу­ме­ле бран­ко­ви­сти и, за нив­на жал, ја до­би­ле уло­га­та ко­ја не би ја по­са­кал ап­со­лут­но ни­кој во пар­ти­ја­та. За­мис­ле­те да би­де­те про­тив сопс­тве­ни­от идол и најв­ли­ја­те­лен играч, па ма­кар и со ла­жен глас. Ви­стин­ски­от курш­лус, нај­ве­ро­јат­но, се слу­чил при под­го­то­вка­та на сце­на­ри­о­то на „Би­ха­ќка“, ка­де што, се­пак, мо­ра­ле да за­бе­ле­жат де­ка за да, ба­рем на­ви­дум, има не­ка­ква фор­ма и при пр­ва­та точ­ка мо­раа да се нај­дат сто­ти­на, па ма­кар и де­се­ти­на, кои ќе гла­саа про­тив дејс­тву­ва­ње­то на ли­де­ри­те. Ама не ви­де­ле…

 

Analiza89-2

„Би­хаќ­ка“ ка­ко го­лем идо­ло­пок­ло­ник на ан­ти­ка­та

Таж­на­та ви­сти­на, со­од­вет­на за пер­фид­ни­те двор­ски игри во пар­ти­ја­та, е де­ка пр­во ин­терв­ју­то, а по­тоа и фин­ги­ра­ни­от кон­грес го ре­ин­кар­ни­раа акту­ел­ни­от ли­дер, а ве­трот во едра­та му го пу­шти и доз­во­ли ток­му не­го­ви­от „нај­го­лем про­тив­ник“. При­ка­ска­та е прем­но­гу сло­же­на и те­шко­вос­при­ем­ли­ва ду­ри и за нај­до­бри­те пи­са­те­ли од овој жанр. Пе­ри­пе­ти­и­те во неа би ги за­сра­ми­ле и Ханс Кри­сти­јан Ан­дер­сен и бра­ќа­та Грим, кои сре­де пи­шу­ва­ње би рек­ле де­ка ни­кој не би ја при­фа­тил таа сказ­на и би се отка­жа­ле од неа. Нај­ве­ро­јат­но, и бас­но­пи­се­цот Езоп би кре­нал ра­це од ве­ро­јат­но­ста де­ка таа ќе има не­ка­ков ус­пех или де­ка ќе до­жи­вее сла­ва. Се­пак, би ми­на­ла на са­мо ед­но ме­сто во исто­ри­ја­та на кни­жев­но­ста. Иа­ко тол­ку мно­гу, ба­рем дек­ла­ра­тив­но, се про­ти­ват на ан­ти­ка­та и на неј­зи­но­то нас­ледс­тво, на „Би­ха­ќка“, очиг­лед­но, ег­зи­сти­ра­ат пос­лед­ни­те обо­жа­ва­те­ли и пок­ло­ни­ци на грч­ка­та тра­ги­ко­ме­ди­ја. До­каз за по­чит­та кон де­ла­та на ан­тич­ки­те авто­ри е нив­но­то дејс­тву­ва­ње (на грч­ки е дра­ма – δρᾶμα), пра­ве­ње дра­ма, кое мно­гу­ми­на би го опи­ша­ле ка­ко вул­гар­на тра­ги­ко­ме­ди­ја во­ста­но­ве­на во пре­зе­ме­ни­те акти на ра­ко­водс­тво­то по из­бо­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја. Нај­до­бар по­ка­за­тел, пак, за по­чит­та кон ан­тич­ки­те твор­ци, ка­ко Со­фок­ле, Ес­хил и Еври­пид, е ди­рект­но­то ба­ра­ње на ра­ко­водс­тво­то на СДСМ за над­во­реш­на ин­тер­вен­ци­ја за нив­но вра­ќа­ње на власт или поз­на­та­та, че­сто упо­тре­бу­ва­на во ан­тич­ка­та дра­ма, ин­тер­вен­ци­ја на т.н. бож­ја ра­ка или де­ус екс ма­ки­на, ко­ја опи­шу­ва не­о­че­ку­ван, ве­штач­ки уред или на­стан кој не­на­деј­но се по­ја­ву­ва на сце­на­та во те­кот на драм­ско­то дејс­тво за да раз­ре­ши одре­де­на си­ту­а­ци­ја, раз­реш­ни­ца ко­ја не е во сог­лас­ност со ин­тер­на­та ло­ги­ка на при­каз­на­та и е тол­ку не­ве­ро­јат­на што го за­гро­зу­ва при­фа­ќа­ње­то на ос­нов­ни­те не­ре­а­ли­стич­ни пре­ми­си на де­ло­то кај гле­да­чот. Фра­за­та бу­квал­но зна­чи „бог од ма­ши­на­та“ и по­тек­ну­ва од ан­тич­ки­от грч­ки и рим­ски те­а­тар ко­га се ко­ри­сте­ла ма­ши­на (кран) за да спу­шти на сце­на­та актер во уло­га на бог (или бо­го­ви), кој ја раз­ре­шу­ва си­ту­а­ци­ја­та.

Ivica-Bocevski-analizaБо­цев­ски: Конг­ре­сот не ре­ши ниш­то, а се­га иг­ра­ат на раз­го­ру­ва­ње на ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си

Кон­гре­сот на СДСМ не рас­чи­сти ни­што во таа пар­ти­ја, ве­ли по­ли­ти­ко­ло­гот Иви­ца Бо­цев­ски, кој, ме­ѓу дру­го­то, е до­бар поз­на­вач на со­стој­ба­та на „Би­ха­ќка“ и по­ра­ди сво­јот ми­нат труд та­му. Тие за­пад­наа во кри­за по за­ми­ну­ва­ње­то на Цр­вен­ков­ски на функ­ци­ја­та пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во 2004 го­ди­на, истак­ну­ва Бо­цев­ски и наг­ла­су­ва де­ка ве­ќе це­ли 10 го­ди­ни ни­ка­ко не ус­пе­ва­ат да из­ле­зат од бу­ра­та.

Бо­цев­ски: Са­мо за по­тсе­ту­ва­ње, во пр­ви­те 12 го­ди­ни по­сто­е­ње на СДСМ тие има­ат еден „не­при­кос­но­вен“ ли­дер, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, а во из­ми­на­ти­те де­сет го­ди­ни на че­ло­то на таа пар­ти­ја беа Буч­ков­ски, Ше­ке­рин­ска, За­ев (ка­ко чу­вар на ме­сто­то), Цр­вен­ков­ски, па по­втор­но За­ев.

Во сво­јот прв пер­и­од СДСМ е пар­ти­ја што ја из­не­се Ма­ке­до­ни­ја од па­те­ка­та на де­мо­кра­ти­за­ци­ја­та ко­ја­што поч­на при кра­јот на 80-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. То­гаш бе­ше спро­ве­де­на кри­ми­нал­на­та при­ва­ти­за­ци­ја, имав­ме ед­но­пар­ти­ски пар­ла­мент, се­ри­ја на­ме­сте­ни из­бо­ри, пар­ти­ски чис­тка на судс­тво­то и на об­ви­ни­телс­тво­то, кр­ше­ње на ем­бар­го­то кон Ср­би­ја, за­бе­га­ност и ароганција на вла­ста.

Во вто­ри­от пер­и­од на по­сто­е­ње­то на СДСМ, Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе бе­ше вра­те­на на вр­ви­ца­та на де­мо­кра­ти­за­ци­ја­та, а и ве­ќе бе­ше зна­чи­тел­но ин­те­гри­ра­на во европ­ски­те и во гло­бал­ни­те те­ко­ви. СДСМ по­ка­жу­ва де­ка во та­кви нор­мал­ни ус­ло­ви на де­мо­крат­ска и европ­ска Ма­ке­до­ни­ја, тие не се спо­соб­ни да по­бе­дат на из­бо­ри и да ја до­би­јат до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те. Зна­чи, во из­ми­на­та­та де­це­ни­ја тие се оби­доа со си­те три­ко­ви за по­тко­пу­ва­ње на де­мо­крат­ски­те си­ли, кои им ус­пе­ваа во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, но се по­ка­жа де­ка со­зре­а­ле и нив­ни­те про­тив­ни­ци и гра­ѓа­ни­те, па ве­ќе не ре­а­ги­ра­ат на евти­ни по­ли­тич­ки три­ко­ви. Нај­ја­сен знак де­ка тие не ја раз­бра­ле де­мо­крат­ска­та при­ро­да на со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска др­жа­ва бе­ше фа­ктот што тие по­себ­но се пот­пи­раа на две на­со­ки на дејс­тву­ва­ње. Пр­ва­та бе­ше отво­ре­но­то, на мо­мен­ти ду­ри и де­гу­тант­но, дод­во­ру­ва­ње кон стран­ци­те или кон ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца (ту­ка, пред сѐ, се мис­ли на САД и на ЕУ), со на­деж де­ка нив­но­то отво­ре­но вме­шу­ва­ње во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка ќе ја тур­не вла­да­та на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги до­не­се по­втор­но СДСМ на власт. Не знам да­ли не­ко­му та­му му тек­ну­ва де­ка со та­ква­та стра­те­ги­ја тие ја гу­бат сво­ја­та под­др­шка кај гра­ѓа­ни­те, кои са­ка­ат да ја ви­дат Ма­ке­до­ни­ја ка­ко су­ве­ре­на др­жа­ва на­ме­сто ка­ко ту­ѓа ко­ло­ни­ја, ва­зал, про­те­кто­рат или не­де­фи­ни­ран ен­ти­тет. Упор­но­то ин­си­сти­ра­ње на таа стра­те­ги­ја нив ги прет­ста­ву­ва ка­ко квис­лин­зи кои се свес­ни де­ка ја не­ма­ат гра­ѓан­ска­та под­др­шка, ту­ку де­ка са­ка­ат да дој­дат на власт со ту­ѓи тен­ко­ви, вој­ски и па­ри. Вто­ра­та стра­те­ги­ја бе­ше отво­ре­но­то под­буц­ну­ва­ње на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја за да се пре­диз­ви­ка ме­ѓу­ет­нич­ка кри­за. СДСМ и ме­ди­у­ми­те што им се при­вр­за­ни упор­но ја тру­јат јав­но­ста со из­мис­ле­ни при­каз­ни и ги хра­брат нај­твр­ди­те на­ци­о­на­ли­стич­ки струи ме­ѓу Ал­бан­ци­те. Таа стра­те­ги­ја е очиг­лед­на и за Ал­бан­ци­те и за Ма­ке­дон­ци­те, па уште по­ве­ќе ја ни­шти прет­ста­ва­та за оваа пар­ти­ја ка­ко се­ри­о­зен чи­ни­тел во ма­ке­дон­ски­от по­ли­тич­ки про­цес. Нор­мал­но, по­крај овие две глав­ни ли­нии, кај нив има и це­лос­но не­ги­ра­ње на 90-ти­те го­ди­ни и по­ви­ку­ва­ње на не­ка­ква др­жа­во­твор­ност што до­пол­ни­тел­но ги драз­ни нер­ви­те на гра­ѓа­ни­те кои до­бро се се­ќа­ва­ат на „др­жа­во­твор­но­ста“ на СДСМ од 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век.

 

Единс­тве­на­та стра­те­ги­ја што оваа пар­ти­ја не се оби­де да ја на­пра­ви бе­ше нај­ло­гич­на­та, ве­ли Бо­цев­ски, а таа е да при­фа­тат де­ка во ус­ло­ви на де­мо­кра­ти­ја и плу­ра­ли­зам тие се са­мо ед­на од мож­ни­те по­ли­тич­ки оп­ции во Ма­ке­до­ни­ја, да се де­фи­ни­ра­ат кои се и што се ка­ко по­ли­тич­ка пар­ти­ја, да на­пи­шат про­гра­ма, да из­гра­дат тим по­ли­ти­ча­ри и да им се обра­тат на гра­ѓа­ни­те за да до­би­јат до­вер­ба од нив. Единс­тве­но­то не­што што тие не се оби­доа да го на­пра­ват, истак­ну­ва тој, е ка­ко нор­мал­на пар­ти­ја да по­бе­дат на из­бо­ри.

 

ЕУ е смо­квин лист со кој СДСМ си ја крие го­ло­ти­ја­та

Кон­гре­сот на СДСМ, во овој кон­текст, по­со­чу­ва Бо­цев­ски, го прет­ста­ву­ва са­мо кра­јот на ед­на од фа­зи­те на кри­за­та на СДСМ. За не­го тие во мо­мен­тов се, ка­ко што ве­ли, жив мр­то­вец, а цел­та и при­чи­на­та за нив­но­то по­сто­е­ње се ис­цр­пе­ни.

Бо­цев­ски: Освен го­ли фра­зи кои ни­што не зна­чат, сдсмов­ци­те не мо­жат да об­јас­нат зо­што по­стои нив­на­та пар­ти­ја и кои се по­ли­тич­ки­те и оп­штес­тве­ни­те це­ли што са­ка­ат да ги по­стиг­нат. Тие ве­лат „де­мо­кра­ти­ја“, но тоа е ап­сурд са­мо­то по се­бе за­тоа што це­ли­от про­цес на де­мо­кра­ти­за­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја е про­цес на еман­ци­па­ци­ја на ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво од не­зас­лу­же­на­та до­ми­на­ци­ја на ели­ти­те по­вр­за­ни со СДСМ во си­те сфе­ри на жи­ве­е­ње­то. Исто­ри­ја­та на де­мо­кра­ти­за­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја е исто­ри­ја на раз­гра­ду­ва­ње на ед­но­пар­ти­ска­та др­жа­ва на СКМ/СДСМ и отво­ра­ње­то на мож­но­сти­те во ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво за си­те, на­ме­сто за из­бра­ни­те од СКМ/СДСМ. Тие ве­лат „Евро­па“, но европ­ска­та ин­те­гра­ци­ја е са­мо еден смо­квин лист со кој пос­тко­му­ни­сти­те са­ка­ат да ги со­кри­јат го­ло­ти­ја­та и бе­да­та на отсус­тво­то на ка­ков би­ло по­ли­тич­ки кон­цепт, пла­тфор­ма или про­гра­ма.

Се­то тоа го ви­дов­ме и на кон­гре­сот. Си­те ве­лат де­ка се за­ла­гаа за иста стра­те­ги­ја, но при­тоа твр­дат де­ка има­ат рас­кол. Тоа зна­чи де­ка или ла­жат де­ка има­ат иста стра­те­ги­ја или ла­жат де­ка има­ат рас­кол во пар­ти­ја­та. На­та­му, ни­ко­му во мо­мен­тов, а по­себ­но на ра­ко­водс­тво­то на СДСМ, не му е јас­но ко­ја ќе би­де ид­на­та стра­те­ги­ја на пар­ти­ја­та. Тие се­га сме­та­ат де­ка ќе дој­де до же­сток ме­ѓу­на­ро­ден при­ти­сок врз вла­ста за отво­ра­ње не­ка­ков ди­ја­лог или „тр­ка­лез­на ма­са“ со СДСМ, па та­ка не­ка­ко да се из­бо­рат за до­сто­инс­тве­но вра­ќа­ње во Со­бра­ни­е­то. Нор­мал­но, тоа не­ма да се слу­чи. По­сто­јат ду­ри и иде­о­ло­зи на та­ка­на­ре­че­ни­от „от­пор“ кои твр­дат де­ка бој­ко­тот на кра­јот, по авто­ма­ти­зам, ќе за­вр­ши со власт за СДСМ, исто ка­ко што бој­ко­тот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДП од 1994 за­вр­ши со власт на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 го­ди­на.

Ме­ѓу­тоа, тие ту­ка за­бо­ра­ва­ат на ед­на бит­на раз­ли­ка. Во 90-ти­те го­ди­ни ВМРО-ДПМНЕ и ДП се бо­реа за де­мо­кра­ти­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Се­гаш­ни­от „от­пор“ е обид на Бран­ко Цр­вен­ков­ски и на СДСМ да се за­ла­жат и се­бе­си и јав­но­ста де­ка има­ло не­ка­ква со­др­жи­на во це­ла­та нив­на по­ли­тич­ка актив­ност. За жал, со­др­жи­на ту­ка ни­ко­гаш не­ма­ло, ту­ку са­мо со­го­лен опор­ту­ни­зам, без ни­ка­ква, ма­кар и ми­ни­мал­на, иде­ја или про­ект за ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја.

 

Од тие при­чи­ни, ве­ли Бо­цев­ски, ќе по­че­ка­ме да ви­ди­ме што се слу­чу­ва на­ви­сти­на во СДСМ. Единс­тве­но е си­гу­рен де­ка Бран­ко Цр­вен­ков­ски не­ма да пра­ви но­ва пар­ти­ја. За та­кво не­што, ве­ли тој, е по­треб­на хра­брост и од­важ­ност, ка­ко и ја­сен по­ли­тич­ки про­ект, со дол­го­роч­на по­ли­тич­ка стра­те­ги­ја.

Бо­цев­ски: Тоа мо­же­ше да го сто­ри Пе­тар Го­шев, мо­же­ше да го сто­ри Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, до­ка­жаа де­ка мо­жат да го сто­рат и Бо­рис Та­диќ и Ге­ор­ги Пр­ва­нов, но тие има­ле и има­ат и по­ли­тич­ка хра­брост и идеи, ка­ко и истен­че­но чув­ство за по­ли­тич­ка стра­те­ги­ја. За раз­ли­ка од нив, це­ло­то тоа друш­тво што се со­бра да го бра­ни „ли­кот и де­ло­то“ на дру­га­рот Бран­ко Цр­вен­ков­ски, на че­ло со не­го са­ми­от, ни ги по­ка­жа праз­но­ти­ја­та, бе­да­та и отсус­тво­то на ма­кар и еле­мен­та­рен по­ли­тич­ки кон­цепт, од­нос­но ма­ке­дон­ски­от израз ку­пи ден, по­ми­ни воз­диг­нат на ни­во на по­ли­ти­ка. Мо­же да се по­чув­ству­ва ка­ко до­пол­ни­тел­но се зго­ле­му­ва­ат гне­вот и раз­о­ча­ру­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни ко­га гле­да­ат ка­ко ова друш­тво на ко­ме­ди­јан­ти ја во­де­ло др­жа­ва­та во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 89. број на неделникот „Република“, 16.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top